Претставници на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија беа примени во понеделникот (05.02.2018) од страна на амбасадорката на Јапонија во Македонија, нејзината екселенција Г-ѓа Кеико Ханеда.
На состанокот го претставивме нашиот развој низ годините и нашите идни планови. Амбасадорката покажа голем интерес за нашите активности и изрази подготвеност за поддршка во иднина.
Благодарни сме за топлиот пречек и и посакуваме плодна мисија на нејзината екселенција во нашата земја!