Почитувани делегати,
Управниот одбор на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, согласно Член 33 алинеја в), од Статутот на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, закажува Вонредно генерално собрание, со следниот дневен ред:
1. Предлог одлука за промена на седиште на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија;
2. Предлог одлука за измена на Статутот на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија;
3. Предлог одлука за прием на Теншинкан доџо – Скопје како нова Членка во Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија; и
4. Предлог одлука за упатување на барање на Хомбу признавање од Аикикаи Фондацијата во Токио, Јапонија.