Драги пријатели,
По скоро 15 години посветено вежбање и работа на промоција и развој на Аикидото во Македонија, Македонската Аикидо Федерација - Аикикаи Македонија на 1-ви Јули 2020 година го доби своето официјално признавање од Светскиот центар за Аикидо - Фондацијата Аикикаи во Јапонија.
Изразуваме голема радост за ова признание и сакаме да истакнеме дека го сметаме како одговорност и понатаму напорно да работиме и да внесуваме сè повеќе придонес во светот на аикидото.
Би сакале да изразиме најдлабока благодарност до:
- Дошу Моритеру Уешиба за неговиот живот посветен на Аикидо и неговите заложби да ни го покажува правецот,
- Микеле Кваранта Шихан за несебичното подучување и споделување на своето големо знаење и искуство.
Имавме огромна помош и поддршка од толку многу луѓе со кои ги разменувавме нашите енергии на татами низ взаемно вежбање, па списокот на благодарности би бил навистина долг за оваа објава! Само би сакал да им се заблагодарам и на оние што се обидоа да ни прават пречки на нашиот пат, зашто тие навистина нè направија посилни и на многу начини подобри од што некогаш бевме!
Ова е историски момент - значаен чекор. Еден од многуте што треба да следат!
Нашата пасија продолжува!
# (Љубиша Петровски, Панче Миланов, Владо Стојановски, Марија Дојчиновска, Костадин Митев, Ѓоко Томоски и Дамјан Цингарски)