Инфо за нас

Организација за развој и промоција на боречката вештина Аикидо. Официјално признаена од Светскиот Центар - Аикикаи Хомбу во Токио, Јапонија.

About us

2006 - Денес

Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија е основана во есента 2006 година. Во текот на својата историја, организацијата секогаш се стремеше да го промовира и развие домашниот аикидо живот и да ги подобри и унапреди македонско-јапонските пријателски односи. Во согласност со моменталните можности во овие области, благодарејќи на доброволната работа на нејзините членови таа сега е најголемата Аикидо организација во Македонија, со 6 клубови како членки. Нашата главна цел е имплементација на меѓународните стандарди за квалитет и методологии во подучувањето Аикидо во духот на неговиот основач Морихеи Уешиба. Ние сме на пат кон признавањето од страна на Аикикаи Фондацијата во Јапонија, и целиме да станеме член на Меѓународната аикидо федерација (IAF).

Членството во федерацијата е индивидуално, но условено со тоа лицето да е активен член на клуб кој е поврзан со федерацијата.

Сите наши политики се во согласност со Меѓународните правила издадени од Хомбу доџо, Фондацијата Аикикаи, Токио, Јапонија.

Покрај легитимното потребно тело за управување, федерацијата има основано техничка комисија која е задолжена за техничките аспекти на вештината.

Нашата структура на техничко ниво, во согласност со нашиот Статут, се базира на меѓусебно почитување и слобода на избор во врска со техничкото раководство, се разбира, се додека е признаено од Аикикаи Хомбу. Во тој поглед, постојат две линии на техничко влијание во моментов. Една група на клубови е технички надгледувана од Микеле Кваранта Шихан, а другата е надгледуван од Урбан Аленклент Шихан. Двете групи имаат различни програми за учење и испитувања, но се состануваат за полагање на испити, семинари и други активности.

Цврсто веруваме дека единството, заедништвото и спојувањето се основните вредности на аикидо духот!

Мисија & Визија

Наша основна цел е имплементација на меѓународните стандарди за квалитет и методологии во подучувањето Аикидо во духот на нејзиниот основач Морихеи Уешиба.

ПОДАТОЦИ

  • Регистарски број (ЕМБС): 6139566
  • Име: Македонска Аикидо Федерација - Аикикаи Македонија
  • Скратен назив: Аикикаи МКД
  • Седиште: ул. Никола Тесла 2/2-26, 1000, Скопје
  • Единствен даночен број: 4030006603484
  • Датум на основање: 11-СЕП-2006

КРАТКА ИСТОРИЈА:

2006 – АК „Хенбо“ заедно со „Аикидо Икеда доџо“ ја формираат МАКЕДОНСКАТА АИКИДО ФЕДЕРАЦИЈА – АИКИКАИ МАКЕДОНИЈА.
2008 – АК „Заншин“ од Куманово се приклучува на МАФ - Аикикаи Македонија.
2008 - учество на семинар со Јоџи Фуџимото сенсеи (Yogi Fujimoto) во Белград, Србија
2009 - учество на семинар со Hiroshi Tada sensei, Katsuaki Asai sensei, Yogi Fujimoto sensei and Christian Tissier sensei во Нушател, Швајцарија
2011 – АК „Бушидо“ од Велес се приклучува на МАФ - Аикикаи Македонија.
2011 - учество на семинар со Макото Ито сенсеи (Makoto Ito) во Софија, Бугарија
2012 – МАФ - Аикикаи Македонија испраќа свои претставници на конгресот на Интернационалната аикидо федерација во Токио, Јапонија.
2012 - учество на семинар со Kuribayashi Takanori sensei in Skopje, Macedonia
2015 - учество на семинар со Makoto Ito sensei in Sofia, Bulgaria
2015 - учество на семинар со Hombu Dojo-Cho Mitsuteru Ueshiba in Sofia, Bulgaria
2016 – МАФ - Аикикаи Македонија испраќа свои претставници на конгресот на Интернационалната аикидо федерација во Такасаки, Јапонија.
2016 – АК „Хеиши“ од Скопје се формира во рамките на МАФ - Аикикаи Македонија.
2017 - учество на семинар со Hombu Dojo-Cho Mitsuteru Ueshiba in Cluj-Napoca, Romania
2019 - АК "Тенчинкан доџо" од Скопје се приклучува на МАФ - Аикикаи Македонија.
2019 - МАФ - Аикикаи Македонија се реорганизира за да дозволи приклучување на клубови што следат различни аикидо стилови, линии, учители.

2020 - На 1-ви јули Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија беше официјално признаена од Светскиот центар на аикидото - Аикикаи фондацијата (Хомбу доџо).

ЧПП

Да. Тоа е комплетна боречка вештина со сите потребни аспекти на самоодбрана.
cta-logo

СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ, ПРИЈАВИ СЕ

Креативни во подучувањето.

Контактирајте не'

ул. Никола Тесла 2/2-26, Скопје 1000, Македонија

  • dummy+389 (70) 764066

  • dummy+389 (2) ******

  • dummy office@aikikai.org.mk

Сметка

Примач: Аикикаи МКД - Скопје
Адреса: Никола Тесла 2/2-26 Скопје
Банка: Комерцијална банка АД
Сметка: 300000002348115

Search