Почитувани делегати,
Управниот одбор на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, согласно Член 33 алинеја в), од Статутот на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, на 12.11.2019 закажува Вонредно генерално собрание, со следниот дневен ред:
1. Избор на претседател на МАФ-АМ.
2. Избор на потпретседател на МАФ-АМ.
3. Избор на генерален секретар на МАФ-АМ.
Секој делегат има право да предложи кандидат за секоја од позициите. Предлогот мора да биде доставен до Генералниот секретар на АИКИКАИ МКД, во писмена форма и најдоцна 20 дена пред одржувањето на Генералното собрание.